Search

Голден Арт КЛ 7 со две кадровски засилувања во стручниот штаб

Во стручниот штаб на ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 влегуваат две имиња кои имаат искуство како се станува европски шампион. Станува збор за Димитар Маневски и Билјана Црвенкоска. И двајцата се со големо искуство секој во своето поле на дејствување.

– Маневски е дипломиран стручен физиотерапевт со специјалност кинезитерапија. Својата работа официјално ја започнува во фудбалски клубови продолжувајќи во ракометот. Најдобар во својата работа, потврда за ова се двете европски титули како и сите освоени медали на домашна и меѓународна сцена.

Билјана Црвенкоска ја има највисоката македонска тренерска лиценца, професор е по физичка активност, спорт и фитнес администрација/ менаџмент. Силен професионалец кој има сестрана спортска едукација со најголем акцент на ракометот. Нејзиниот ангажман во Голден Арт КЛ7 ќе биде главен тренер на младинска и кадетска екипа како и помошник тренер на Андов Бошковски во првиот тим, соопшптија од прес-службата на новиот суперлигаш.

За засилување на стручниот тим, спортскиот директор на Голден Арт КЛ7 Милчо Чакарески изјави:

– Голден Арт КЛ 7, во пресрет на новата натпреварувачка сезона и предизвикот наречен Супер Лига, согласно своите стратегиски и развојни концепции темелени на сериозноста на своите инвестициски партнери, а пред се застапувајќи го брендот КЛ7 и неговата големина во светски рамки градејќи го тимот за сезоната 2020/21 како прв преземен чекор е јакнењето на стручниот штаб со два европски шампиони.

Треба да знаете
Последни објави