Search

Годин потпиша за Каљари

Искусниот уругвајски фудбалски интернационалец Диего Годин беше претставен како нов играч на Каљари.

Годин доаѓа во Каљари без оштетување, откако се согласи да го раскине договорот со Интер.

Тој пристигна во Интер минатото лето како големо засилување од Атлетико Мадрид, а тренерот Антонио Конте пред почетокот на оваа сезона му порача дека нема да смета на неговите услуги.

Годин потпиша тригодишен договор со Каљари и ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона, што е двојно помалку од она што го заработуваше во Интер.

Италијанците наведуваат дека Годин го избрал Каљари поради неговата сопруга Софија, која потекнува од тој град.

Треба да знаете
Последни објави