Search

Говорот на Иванов во Мелбурн прекинат од противпожарен аларм

Безбедносниот аларм го прекинал говорот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов во Мелбурн, Австралија, додека говорел на донаторската вечера организирана од Македонската добротворна организација, објави австралискиот портал „Фаланга“.

„Македонија можете да ја запознаете ако ја посетите и ако ги видите сите нејзини убавини…“ Среде оваа реченица на изговорена од Иванов се вклучува алармот, а тој потоа излегува надвор од салата, заедно со сопругата Маја Иванова, додека пред објектот пристигнува противпожарно возило.

Засега нема информации која е причината поради што се вклучил алармот за време на излагањето на Иванов, кој во тој момент се пошегува: „Да не ме предупредуваат дека треба да прекинам со говорот“.

По проверката присутните се вратиле во салата и Иванов го продолжил својот говор.
Треба да знаете
Последни објави