Search

Гломазен буџет со голема дупка и нејасни проекции

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Даниела Маркоска од СДСМ

„Буџетот за 2021 година како што СДСМ го најавува е гломазен и во услови на криза со нејасни проекции. Кога секојдневно гледаме луѓе на улица и фирми кои се соочуваат со намалена ликвидност, нејасно е од каде толку висок буџет.

Дополнително се планираат уште нови задолжувања, без да се каже што се очекува за возврат и дали ќе се инвестира во проекти со додадена вредност.

СДСМ потроши три буџети, а не направи ниту Клинички во Скопје, ниту го доврши Клиничкиот центар во Штип. Иако се потрошија милијарди изминативе години инвестиции во здравството немаше. СДСМ се расрлаше со пари, а не изгради ниту еден автопат. Единствено нешто поврзано со автопат е чочекот во тунел на автопатот Демир Капија – Смоквица, кој го направи ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ пропушти многу и потроши милијарди, а не направи ништо.

Дали некој знае каде се потрошени 2 милијарди евра за кои не задолжи Заев? Дали  некој се сеќава барем на еден голем проект на СДСМ? – Не! Истата ситуација која се повторува со години со СДСМ ја имаме и сега. Неработа, неспособност и расипништво.

 

 

Треба да знаете
Последни објави