Search

„Глас за Македонија“: Гоце Делчев е предаден по втор пат

Партијата „Глас за Македонија“ на Солза Грчева најостро реагира на изјавите на претседателот Пендаровски и на премиерот Заев во врска со македонскиот револуционер Гоце Делчев и бугарските политички провокации.

„Неспорна историска вистина е дека вам господине Пендаровски, како актуелен претседател на македонската држава, не ви се при срце и свест интересите на македонскиот народ од кого потекнуваат и најголемиот број на граѓани. Истава забелешка ја упатуваме и до Заев, премиерот (северен)“, се наведува во партиското соопштение.

Од „Глас за Македонија“ велат дека недозволиво е да се лицитира со имиња, дејци и случувања кои се доказ за вековниот стремеж на Македонецот за слободен културен, историски, економски, политички, социјален и народносен развиток.

„Историска вистина е дека Гоце Делчев е македонска револуционерна личност, која живеела во османлиски прилики, бил, нејзин поданик (државјанин), а според признатата религиозна власт, патријаршиска или егзархиска се определувал кон ‘Булгар’ милетот (впрочем така се определувале и дел од тогашните Срби, Албанци, Власи и др.) Ако грешиме, прашајте ги историчарите во Турција (кои се наследници и проучувачи на османлиските архиви)“, посочуваат од партијата на Грчева.

Обраќајќи се до Заев и Пендаровски од „Глас за Македонија“ велат дека лошо во целата ситуација е тоа што и оние кои треба да ги советуваат, неуко ги информираат.

„Македонската историска јавност не ја претставуваат вашите избрани комисисти, по вокација историчари“, сметаат од партијата и додаваат дека ги осудуваат и сите оние кои молчат за овој чин кој го квалификуваат како предавство на делото на Гоце Делчев.

Треба да знаете
Последни објави