Search

Глас за Македонија бара да се отстрани албанското знаме од зградата на Општина Чаир

Глас за Македонија реагира на поставеното албанско знаме на фасадата на Општина Чаир. Од партијата прашуваат во која држава се наоѓа Општината Чаир?

„Ако во Охрид имаше отстранување на знамето на соседна држава од тврдината и санкции за чинот, бараме под итно да се постапи на истиот начин и во овој случај. Не е дозволено вакво евтино покажување на сила од ниту една етничка заедница. Вака не се гради взаемно разбирање и почит за кое нашата партија се залага, туку се разградува“, велат од партијата.

Глас за Македонија бара почитување на Законот за употреба на државни симболи, без отстапки за никого и на територијата на целата наша, како што велат, унитарна држава и ги повика властите итно да постапат според закон.

Треба да знаете
Последни објави