Search

Глас за Македонија: Бараме кривична одговорност за сквернавењето на спомениците од НОБ

Глас за Македонија бара кривична одговорност за, како што велат, сквернавењето на спомениците од НОБ.

„Бараме веднаш од Министерството за култура да и одговори на македонската јавност на следните прашања: која била целта на ваквото брутално сквернавење на нашата антифашистичка борба и зошто се дозволило истото? За какви и кои точно спомен обележја од НОБ станува збор (20 досега, како што кажа премиерот на јавен настап), кои биле “заменети“? Сите споменици на културата се заштитени со Законот за културно наследство, а Министерството за култура води Национален регистар на истите, без разлика дали се тие од локална или од национална важност. Таа информација мора да ја има“, велат од партијата.

Од Глас за Македонија бараат Министерството веднаш да излезе со точниот список и локалитетите на “заменетите“ спомен обележја.

„Го прашуваме Министерството која институција/институции и кога, донеле одлуки за “замена“? Одлуките бараме да бидат изложени пред јавноста. Зошто Министерството за култура под чија надлежност е Инспекторатот кој треба да се грижи за состојбата на спомен обележјата, ги премолчело промените? Бараме итно враќање на спомен обележјата во првобитната состојба. Во 21 век нема да дозволиме фалсификување на нашата , но и на туѓата историја, ниту ваков вандализам и Гебелсовштина“, се вели во соопштението.

Ако веднаш ова Министерство не одговори на поставените прашања, велат од Глас за Македонија, ќе знаеме дека инженерскиот полк на Каракачанов е веќе активен на терен, се разбира со дозвола на премиерот во заминување, Зоран Заев.

„Во овој галиматијас, не може да се амнестира ниту “неинформираното“ Министерство за култура. Воедно, го повикуваме Јавното обвинителство да поведе истрага по допрен глас за направените штети кои подлежат под соодветни казни“, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави