Search

Глас за Македонија: Академијата за судии и обвинители приватна сопственост на Владата

Партијата Глас за Македонија прва предупреди уште на 4.6.2019 со соопштение до јавноста, дека процесот за избор на кандидати за судии и обвинители ќе биде вон демократска контрола и ќе се спроведува од ,,лојални“ на власта членови на Академијата.Критериумите за избор беа снижени до крајни граници. Наместо 5 години работно искуство, беа доволни 2. Ставката за просек од студии беше намерно оставена отворена. Тогаш прашавме дали мислат на бинго да одбираат 60 кандидати од пријавени над 500-тини кандидати или си телефонски повици од Владата. Сега го добивме одговорот. Лично Заев и Рашковски ги одбираат кандидатите меѓу кои има пријавени и снаи на високи функционери на СДСМ, деца на претседатели на судови и на јавни обвинители. Од самиот почеток беше вграден непотизам во изборот, соопшти партијата.

,,Затоа, старо – новата афера, дека лично Заев и Рашковски одбираат кандидати, не треба да зачудува, бидејќи никој на време не реагираше на ваквите предупредувања. Ова е само симптом на болната и заробена држава каде нема раздвојување на судската од извршната власт.Предлагаме, да покрај форензичкото вештачење на системот на Правниот факултет, се формира и комисија од експерти за следење на целиот процес. Не е дозволено толкава моќ да се концентрира во рацете на Рашковски за кого со децении постојат индиции за негови интервенции во системот. Глас за Македонија ќе започне со јавно објавување на имињата на кандидатите на кои уште сега им е гарантирано местото во Академијата, само затоа што се деца на судии, обвинители, генерални секретари на Собранието и така во недоглед. За жал!”, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави