Search

Гласањето на 15 јули ќе биде безбедно за нашето здравје, да излеземе и да гласаме за бројот 3

Прес-конференција, Коста Петров, потпретседател на СДСМ

Четирите месеци зад нас во борбата со невидливиот непријател – корона вирусот ни го промени комплетно нашето секојдневие, нашето живеење. Како држава, реагиравме брзо и рестриктивно, со мерки насочени кон заштита на здравјето на сите граѓани.
Изминатите четири месеци, државата, здравствените работници и институциите прават се за да го спречат ширењето на опасниот вирус.
Се донесоа протоколи со  кои се обезбеди повторно враќање во нормално функционирање, новото нормално, со чие почитување се заштитуваат граѓаните од негово ширење.
Се отворија бизнисите, угостителските објекти, трговските центри,туристичките капацитети.
Истовремено, неопходни беа легитимни институции, Парламент и Влада со целата своја легитимност. Рековме дека ќе водиме безбедна предизборна кампања и така направивме.
Носењето маска, држењето дистанца, честото дезинфицирање се дел од нашето секојдневно живеење. Без митинзи, ниту поголеми собири и групирања.
Сите средби со граѓаните беа однапред добро испланирани, почитувајќи ги сите заштитни протоколи.
Идната седмица се одржуваат предвремените парламентарни избори. Во таа насока, институциите, здравствената стручна јавност, подготви сигурен и ефикасен протокол за заштита на здравјето при гласање, кој обезбедува максимална заштита за гласачите, набљудувачите, членовите на избирачките одбори и сите учесници во изборниот процес.
Протоколите предвидуваат ,  граѓаните треба да дојдат на гласачкото место со маска која ги покрива и носот и устата, да се избегнува секаков физички контакт, да се држи определена дистанца и да се дезинфицираат рацете и пред и по гласањето.

Просториите во кои се гласа ќе бидат редовно проветрувани и дезинфицирани и ќе биде дозволен влез на граѓани онолку колку што има поставени паравани за гласање.
Со строгото почитување на овие протоколи, граѓаните можат да бидат сигурни дека гласањето е безбедно  и за нив и за останатите.
Затоа, ве повикувам на 15 јули да излезете и го остварите вашето загарантирано со устав право на глас. Затоа што вашиот глас одлучува во каква земја сакаме да живееме и каква иднина ќе градиме. Вашиот глас одлучува дали ќе продолжиме по патот на напредокот или ќе се вратиме назад во режимот и изолацијата.
Затоа, излезете и гласајте на 15 јули,  безбедно и одговорно,  почитувајќи ги сите протоколи за заштита на здравјето!
Треба да знаете
Последни објави