Search

Гласачко место во Шкотска преместенo поради сомнителна направа

Во Шкотска регистриран е инцидент пред почетокот на предвремените избори во Велика Британија. Во близина на гласачкото место Норт Ланкашир била пронајдена сомнителна направа. Полицијата како мерка на претпазливост, врз неа изврши контролирана експлозија.

Направата била пронајдена на приземјето од станбена зграда, во чија заедничка просторија се наоѓа избирачко место. Случајот бил регистриран околу 1 часот по полноќ, шест часа пред да се отворат избирачките места.

Избирачкото место потоа било пренесено во блиското основно училиште.

„Беше поставен кордон околу зградата, патниците во внатрешноста на кордонот беа евакуирани, а службите извршија контролирана експлозија како претпазливост. Во тек е истрага за да се утврди колку бил функционален уредот и сите околности околу инцидентот“, соопшти полицијата.

 

Треба да знаете
Последни објави