Search

Гладното мече што го спасиле, секогаш им се враќало дома

Мече старо само два месеци се спуштило од шумата во местото Гуњани во близина на Сараево. Тоа било гладно и уплашено, и било пронајдено од семејството Бечар.

Тие го хранеле во својот двор, а кога малку закрепнало, го пуштиле во природата. Но тоа постојано се враќало. Мечето било женка и го нарекле Аида, но не открија зошто, туку дека се работи за интимна приказна.

Тие знаеле дека не можат да се грижат за мечката, па затоа грижата за неа ја презела управата на зоолошката градина „Пионирска Долина“.

„Прво треба да ја прегледаме мечката за да видиме дали е здрава. Ќе ја набљудуваме еден месец. Сите сакаме бебето Аида да прерасне во здрава и убава мечка“ велат од „Пионирска Долина“.

Треба да знаете
Последни објави