Search

Главните точки од Договорот за Брегзит

Брисел и Лондон конечно постигнаа договор за напуштањето на Обединетото Кралство на Европската Унија. Спогодбата од 585 страници ги дефинира главните аспекти од раздружувањето, со посебен фокус врз ирското прашање.

Спогодбата предвидува дека нема да се појави физичка граница на ирскиот остров. Со таа цел се применува така наречениот „бекстоп” или безбедносна мрежа за да се избегнат гранични контроли помеѓу Република Ирска и Северна Ирска до крајот на транзицискиот период во декември 2020.

Според „бекстопот”, Северна Ирска ќе продолжи да ги почитува правилата на европскиот внатрешен пазар за сите производи. Истовремено, Северна Ирска задржува непречен пристап до британскиот пазар.

До крајот на транзицискиот период во декември 2020, правото на ЕУ продолжува да важи и Лондон останува дел од царинската унија и заедничкиот пазар.

Во јули 2020 ќе треба да се изнајде решение за да остане отворена границата и после крајот на транзицискиот период, и доколку дотогаш не е склучен трговски договор помеѓу ЕУ и Обединетото Кралство.

Опциите за сега се или Лондон да го пролонгира дополнително транзицискиот период или да прифати да биде дел од европската царинска унија понатаму, што е спротивно на ставовите на најтврдите поддржувачи на Брегзит.

Британските граѓани кои се наоѓаат во ЕУ и граѓаните на ЕУ кои се живеат во Обединетото Кралство си ги задржуваат сите социјални и други права, вклучително и оние кои ќе се доселат во текот на транзицискиот период.

Договорот предвидува и дека Лондон треба да продолжи да ги почитува своите финансиски обврси, вклучително учеството во европски проекти и исплаќање пензии за функционерите. Сумата изнесува околу 45 милијарди евра.

Освен Договорот за Брегзит двете страни сега ќе треба да испреговараат спогодба за нивниот „иден однос”. Тоа подразбира економски односи, како и институционални, односите во областа на безбедноста, надворешните работи,  или судската соработка.

Треба да знаете
Последни објави