Search

Главниот советник на Трамп за национална безбедност повикува на носење маски

Роберт О’Брајан, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека ја научил важноста од носењето маска и социјалната дистанца, откако се излекувал од Ковид-19 и притоа ги охрабри другите да го прават истото.

„Како некој што преживеал Ковид-19 ги охрабрувам сите да носат маска, да се придржуваат до социјалната дистанца и често да ги мијат рацете. Ова се чекорите неопходни за да не преведат преку мостот до масовната вакцинација”, напиша О’Брајан во изјавата што беше твитната од Советот за национална безбедност.

О’Брајен беше позитивен на Ковид-19 во јули по семејниот одмор.

Треба да знаете
Последни објави