Search

Главниот град на Казахстан, Астана, го менува името во Нурсултан

Пратениците на казахстанскиот парламент усвоија закон за промена на името на главниот град Астана во Нурсултан, во чест на првиот претседател на самостоен Казахстан, Нурсултан Назарбајев, јави новинската агенција ТАСС.

Претходно, новиот претседател на Казахстан, поранешниот премиер, Касим Јомарт Токајаев, кој ја презеде функцијата по неочекуваната оставка на Назарбајев, предложи името на престолнината Астана, да се промени во Нурсултан.

Досегашниот претседател Нурсултан Назарбајев (78) поднесе оставка по 30 години власт.

Треба да знаете
Последни објави