Search

Главната расправа за „Змиско око” е формално завршена, Судот дополнително ќе закаже термин за пресуда

Главната расправа за случајот „Змиско око” е формално завршена, откако на денешната главна расправа беа дадени завршните зборови од сите 53 обвинети и нивните бранители.

Од Основниот кривичен суд, информираат дека за овој предмет биле оформени и десет други раздвоени предмети за кои исто така во изминатиот период биле дадени завршните зборови од странките, со што формално е завршена главната расправа, која прв пат, по прием од надлежниот судечки совет, е насрочена во јануари 2018 година, откако со одлука на Апелациониот суд Скопје предметот беше вратен на првостепено одлучување.

– Заради обемноста на изведениот доказен материјал и завршните зборови, судот дополнително ќе закаже термин за објава на пресудата за која странките и јавноста ќе бидат дополнително известени, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Треба да знаете
Последни објави