Search

Ги чувале децата во кафези за кучиња, гладни, жедни и покриени со измет

Девојка од Тексас и нејзиниот партнер се уапсени откако полицијата открила дека на монструозен начин се однесувале кон нејзините четири деца, две од нив биле држени во кафези за кучиња, а другите две биле покриени со измет.

Андреј Јозеф Фабил и Пејџ Изабов Харкинг, двајцата на возраст од 24 години се обвинети по четири точки од кривилниот закон за загрозување на децата. Харкинг, исто така, е обвинета за предизвикување сериозни повреди на Фабил, поради што полицијата морала да реагира на имотот на неколку километри од Форт Ворт. Кога дошла полицијата ги затекнала децата во кафез.

Според информациите на полицијата, станува збор за четири деца на возраст од една, три, четири и пет години од кои три машки и едно девојче. Тие биле чувани во несоодветни, нехигиенски и монструозни услови. Според зборовите на шерифот, двете најстари деца биле затворени во кафези за кучиња, додека помладите биле недоволно ухранети и покриени со фекалии.

Она што е најбизарно во целиот случај е фактот што сите деца се на Харкинг, како и дека куќата била полна со храна, која била под клуч и според сите докази, не им била достапна на децата.
Кафезите во кои децата биле заклучени биле во спалната соба.

Несовесната мајка и нејзиниот партнер се наоѓаат во затвор, додека децата се сместени во згрижувачко семејство каде што се опоравуваат од траумата.

Треба да знаете
Последни објави