Search

Ги убил трите малолетни деца, па се обесил оти го напуштила сопругата

Адмир Совиќ(37) ги убил своите три малолетни деца па се обесил, попладнево во селото Мали Луг, кај Бихаќ во Босна и Херцеговина.

Според полицијата, се уште нема детали за злосторството, но поврдено е дека жртвите се синови, едниот одел во трето одделение, а другите две имале пет, односно две години.

Неофицијално, сопругата на Совиќ и мајка на децата ги напуштила пред 20 дена, а телата на починатите ги нашол полицаец, шура на убиецот, односно брат на избеганата сопруга.

Соседите тврдат дека Шовиќ се занимавал со поправки на земјоделските машини и дека живеел со својата сопруга и децата во изнајмен стан. Тие истакнаа дека не го познаваат добро, бидејќи тие неодамна се преселија во соседството.

Сепак, познаниците на Совиќ велат дека тој го најавил злосторството, откако им каѓувал дека ќе ги убие децата и себе ако го напушти сопругата.

Треба да знаете
Последни објави