Search

Ги спречивме нечесните намери на ВМРО-ДПМНЕ, аболицијата на Иванов е незаконска и ништoвна

Не успеа планот на ВМРО-ДПМНЕ да ја врати аболицијата на Ѓорге Иванов и со тоа да ги спаси криминалците од своите редови.

Барањето за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување ја постигна целта.

Ги спречивме нечесните намери. Аболицијата на Иванов е незаконска и ништовна! Потврдено од законодавниот дом!

Од 2015 година па досега ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека одлуката на Иванов е исправна и врз основа на законски, постоечки член.

Законодавно-правната комисија го потврди тоа што СДСМ со години го тврди, односно, членот 11 на кој Иванов ги темелеше помилувањата не постои во правниот систем.

ВМРО-ДПМНЕ играше на картата дека парламентарното мнозинтво предводено од СДСМ ќе калкулира и промашија. Играа на картата дека нема да имаме мнозинство и пак промашија. Играа на картата на лажеље и затоа на Комисијата немаа што да кажат и се приклучија кога видоа дека не можат да ја блокираат Комисијата.

На седницата на комисијата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ без каква било дискусија, гласаа дека не постои таков член.

Сега е тоа официјален собраниски документ кој потврди дека помилувањата на Иванов се незаконски и со тоа ништовни.

Тој документ покажува дека Иванов постапил незаконски со неговиот обид да помилува.

Се покажа дека ниту тогаш ниту пак сега има правна можност да се даде такво помилување. Со тоа аболицијата на Иванов е незаконска и ништовна, а тоа вчера го призна и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, критичката јавност, граѓаните, не дозволија да оживее незаконската аболиција на Ѓорге Иванов.

Да беа ВМРО-ДПМНЕ принципелно за борба против корупција како што лажно тврдат, ќе го поддржеа и Законот за јавно обвинителство, ама наместо тоа го блокираат во обид да ги спасат криминалците од своите редови.

СДСМ не дозволи и нема да дозволи нови амнестии, одговорност за сите мора да има и ќе има.

Треба да знаете
Последни објави