Search

Ги снимале гостите во мотелите во Јужна Кореја и емитувале снимки во живо

Јужнокорејската полиција уапси двајца мажи бидејќи поставиле скриени камери во мотели и таму снимале и емитувале во живо видеозаписи на околу 1.600 гости.

Со оваа нелегална активност се занимавале три месеци и притоа заработиле околу 6.200 долари.

Противзаконското снимање е во рапиден пораст во целата земја поради честата употреба на мобилни уреди. Јужнокорејската музичката индустрија сè уште закрепнува од неодамнешниот скандал со пејачот Јунг Јон-јунг, кој соочен со докази, призна дека тајно ги снимал своите сексуални партнерки, а видеоснимките и фотографиите ги споделувал на интернет во виртуелни простории за разговор..

Полицијата соопшти дека четири лица во август тајно инсталирале камери во 42 соби во 30 места во земјата.

Тие ги криеле камерите во ТВ-приемници, утичници и држачи за фенови за коса, а снимките ги емитувале во живо на нивниот веб-сајт, соопшти полицијата.

Минатата година, во полицијата на Јужна Кореја се пријавени повеќе од 6.600 случаи на незаконско тајно снимање.

Треба да знаете
Последни објави