Search

Ги остваруваме стратешките цели, Република Северна Македонија 30 земја членка на НАТО

Собранието го ратификуваше Северноатланскиот Договор за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата. Остварена е една од клучните стратешки цели – Северна Македонија 30 – та земја членка на НАТО, рамо до рамо со најсилните, најмоќните демократски држави во светот!

По години и децении патешествија, блокади, режим, стагнација, изолација, по години исцрпувачки преговори, конечно го отворивме патот до членство во НАТО.

Членството во НАТО не значи само безбедност и сигурност, тоа значи многу повеќе инвестиции, пристап до нови пазари, нови работни места и повеќе пари кај секој граѓанин.

Уште со Договорот од Преспа, и со Потпишувањето на Протоколот за пристапување од страна на членките на НАТО, почнаа да се чувствуваат економските придобивки, да растат инвестициите.

Платите ги зголемивме во сите сектори. За само 2,5 години минималната плата ја зголемивме за 60%. Просечната плата има историски најбрз и највисок раст. Економијата од -1.8% за само 2,5 години повторно расте и до 4%. Невработеноста ја намаливме на историски најниски 17,1 отсто, отворивме над 60.000 нови работни места. Тоа се само дел од придобивките од НАТО.

Заедно со граѓаните направивме пресврт. Од овде, нашата татковина може само напред, никако назад. Нема враќање назад, одиме со крупни чекори напред.

Најавите за враќање чекор назад се опасни, антизападни и антидржавни, најави за враќање во времињата на изолација, на блокади, на кавги со соседите, времиња на несигурност и неизвесност.

Нашата држава предолго беше таму и затоа ние, заедно со граѓаните нема да дозволиме повторно да се враќаме назад во мрачното минато.

Нашето место е во ЕУ и НАТО, каде вредносно и цивилизациски припаѓаме. Продолжуваме заедно со граѓаните на прав пат!

Треба да знаете
Последни објави