Search

Ги освои срцата: Не застануваат реакциите за љубовта на слепиот фан кој беше на „Енфилд” да го бодри Ливерпул

Одбраната на Алисон Бекер на крајот се покажа како клучна за пласманот на Ливерпул во нокаут фазата во Лигата на шампионите, но покрај бравурата на Бразилецот во 92-та минута, момент кој исто така имаше круцијално значење беше и оној кога Мохамед Салах погоди за 1:0.

Салах уште еднаш истапи кога највеќе беше потребно и голот го постигна обезбедувајќи му пласман на Ливерпул во осминафиналето во Лигата на шампионите. Но, сепак моментот кој освои многу срца, не беше голот и одбраната на Алисон, туку реакцијата на еден слеп фан на Ливерпул кој беше присутен на трибините на „Енфилд“.

Посебно импресивно е тоа што неговиот хендикеп не го спречи да ужива во фудбалската магија со која тој очигледно се соживува преку слухот. Дека ова видео стана вирално говорат и реакциите после неколку денови од завршувањето на мечот, каде се говори за тоа со каква магија располага фудбалската игра.

Треба да знаете
Последни објави