Search

Гитаристот Дејвид Гилмор донираше 21,5 милиони долари за заштита на планетата

Гитаристот нa „Пинк Флојд“, Дејвид Гилмор на аукцијата во Њујорк продаде 127 гитари од неговата колекција за речиси 21,5 милиони долари и целата сума ја донираше на непрофитната организација ангажирана во борбата против климатските промени и заштита на планетата ClientEarth.

На аукцијата која се одржа минатата недела во „Кристи“ во Њујорк, собрани се 21,490,750 долари и се поставени некои светски рекорди кога станува збор за продажба на гитари, објавија американските медиуми.

Седумдесет и тригодишниот музичар ги донираше сите средства од аукцијата на ClientEarth, непрофитна организација која се бори за заштита на планетата на која живееме.

Треба да знаете
Последни објави