Search

Гир: Целта е да се отворат преговорите до декември и таа не се менува

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир денеска презентирајќи го извештајот повтори дека С. Македонија ги исполнила критериумите за да отпочне пристапни преговори со ЕУ, и дека нивното одложување негативно ќе влијае врз кредибилитетот на Унијата. При презентацијата на Извештајот за напредокот на земјава, Гир вели дека во европските коридори се размислува само за едно – почеток на преговорите до крајот на годинава.

-Не сакам да шпекулирам што ќе правиме за година или две. Сега се концетрираме да го реализираме ова до крајот на годината. Целта останува, а тоа е да се отворат преговорите што поскоро, со надеж дека тоа ќе биде до декември и таа цел не е променета, рече Гир.

ЕУ одлучува со консензус, а сега него го нема поради една земја членка, вели вицепремиерот Никола Димитров.

-Во реалноста мислам дека тој прозорец е крајот на оваа и почетокот на идната година. Ако не успееме со словенечкото претседателство, можеби има мал простор со следното француско претседателство. Меѓутоа, пак влегуваме во водите на “што ако…”, вели Димитров.

Копија од Извештајот за реформскиот напредок на земјава денеска добија и претседателот на С. Македонија Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

 

Треба да знаете
Последни објави