Search

Гир: Се надеваме на мошне скоро одржување на првата меѓувладина конференција

Новиот евроамбасадор во земјава Дејвид Гир денеска не сакаше директно да одговори на прашањето дали освен Бугарија и некои други земји-членки имаат забелешки на Преговарачката рамка, но изрази надеж дека што е можност поскоро ќе се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, со што и официјално се означува почеток на преговорите со Европската Унија.

-Не сум во позиција да зборувам за внатрешните дискусии, кои се водат во Советот по ова прашање. Да ги погледнеме важните прашања. Одлуката да се почнат преговорите за Северна Македонија беше донесена во март, ова беше историски настан, потоа Европската комисија ја изложи нацрт преговарачката рамка, која беше дискутирана од земјите-членки, кои што требаше да се согласат околу неа и потоа треба да се усвои и да се одржи првата меѓувладина конференција. Се надеваме дека ова ќе се случи што поскоро и потоа треба да ги засукаме ракавите и да продолжиме со реформскиот процес, да ги забрзаме напорите, кои што веќе се прават во насока на постигнување на целта – пристапување во ЕУ, рече евроамбасадорот Гир денеска на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Во однос на тоа кога би била одржана првата меѓувладина конференција, Гир нагласи дека дискусиите ќе продолжат и откако ќе се усвои преговарачката рамка ќе се случи меѓувладината конференција.

-Се надеваме наскоро. Во моментов Германија претседава со ЕУ, и оттаму вечат дека првата меѓувладината конференција ќе се одржи до крајот на годината, додаде Гир.

Треба да знаете
Последни објави