Search

Гејмер пријавил силување што го слушнал во живо преку стриминг за онлајн игра

Маж од Флорида е уапсен по обвинение за силување на тинејџерка откако некој ја слушнал девојката како бара помош, бидејки уште бил вклучен стримингот за играње онлајн игра.

Даниел Фабијан (18) играл игра и го оствил стримингот вклучен додека правел пауза, кога ја силувал 15-годишната девојка.

Друг играч тврди дека Фабијан го оставил микрофонот вклучен, па тој ја слушнал девојката како вознемирено вика „Не!“ и пријавил во полиција.

Жртвата во полиција рекла дека Фабијан ја совладал и ја силувал.

Направените лекарски прегледи ја поддржуваат нејзината приказна.

Сексуалниот напад се случил во јуни, во домот на Фабијан во Њу Порт Ричи, западна Флорида.

Тој наводно кажал непристоен коментар дека имал секс со девојка која дошла кај него пред да продолжи со играње 15-тина минути подоцна.

Не е познато дали другиот гејмер прв го пријавил нападот, или девојката отишла во полиција.

Фабијан се товари за сексуален и физички напад на малолетно лице од 12 до 15 години.

Моментално е во притвор со кауција од 30.000 долари.

Треба да знаете
Последни објави