Search

Геце ја напушта Борусија на крајот на сезоната

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марио Геце, ќе го напушти клубот на крајот на сезоната кога ќе му истече договорот, информира „Спорт Билд”.

Вториот престој на Геце кај „жолто-црните” не се покажа како успешен како првиот, а поради разни повреди и болести не успеа да ги покаже своите целосни квалитети.

Светскиот шампион исто така не е задоволен од време што му се дава на теренот, иако е целосно здрав.

Има мала веројатност тој да остане на „Сигнал Идуна Парк” доколку Дортмунд се раздели со неговиот сегашен тренер, Лусиен Февр.

Треба да знаете
Последни објави