Search

Героски: „Империја“ била исконструирана за да се рекетираат осомничените

Доказите недвосмислено покажуваат дека случаите „Империја“ и „Рекет“ се поврзани. СЈО го градела кејсот „Империја“ не со цел за да се докаже на суд и да заврши со валидна судска пресуда, туку за да послужи на осомничените да им се грабнат милиони евра. Овде нема ни „п“ од правда, другарчиња! Слушнавме докази за притисоци, рекетирања, неправди и тежок криминал. Кој, патем речено, не завршува со обвинетите во аферите „Рекет 1“ и „Рекет 2“,пишува во денешната колумна за Плусинфо, Бранко Героски.

„Боки, ги видов доказите. Можеш ли да замислиш колку сум огорчен. Извини, но грозно е, ова е чист рекет!“.

Оваа реплика на Заев, кој ги видел доказите (тоа е малку чудно за еден премиер, нели, но ај да не наметнувам сега нова тема), јасно покажува дека обвинетите и нивните медиумски апологети, сите кои се надеваа дека Бојан Јовановски и Катица Јанева ќе успеат да се извадат на финтата „поткуп е, не е рекет“, сега треба да се скријат во ќошот, да се засрамат и да замолчат. Репликата на Заев до Боки ги закопа!…

Ако заљубениците во „трите грации“, кои очекуваа случајот „Империја“ да се доведе до ефикасна судска завршница по кратка постапка (само со брифинзи во СЈО и со цртање мапи на наводни криминални шеми), не можеа или не сакаа да поверуваат дека СЈО нема уверлив кејс во рацете, сега, за жал, ќе мора да се предомислат. Ваквите преписки изнесени како докази покажуваат дека „Империја“ е случај исконструиран за да може јако да се изрекетираат осомничените. Како што и се случило, впрочем. Не велам дека вешти и посветени обвинители не можеле посериозно да ги истражат индициите во врска со овој случај, но тоа не била намерата. Не, намерата била осомничените да се ограбат, а судската пресуда да падне под притисок на јавноста, а не со цврсти докази и во валидна судска постапка…

Целата колумна може да ја прочитате тука

Треба да знаете
Последни објави