Search

Героски: До кога со ова „танго на смртта“, до кога ќе се самозалажуваме?

После денешните бројки, мислам дека на сите ви е јасно дека конечно треба да престане овој „танц“, ова „танго на смртта“ со епидемијата од коронавирусот и веднаш да се пристапи кон подобрување на стретегијата на борба против ова зло, пишува Бранко Героски во најновата колумна во „Плус инфо“.

-Светските искуства покажуваат дека најдобри резултати во менаџирањето на коронакризата се постигнуваат со масовни тестирања, со сите капацитети и со сите видови тестови кои се на располагање (тестовите не се исклучуваат едни со други, туку се надополнуваат), со ефикасно следење и со карантинско изолирање на заразените и на суспектните, како и со уште построги мерки на социјално дистанцирање…

…Со денови се пружаше отпор кон апелите на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски градот да се стави под целосен карантин, за тоа конечно да се стори кога на Куманово веќе му се случи катастрофа. Прашувам јавно – зошто се чекаше? Затоа што Максо не е епидемиолог? Па излезе дека е попаметен од сите епидемиолози во земјава! Зошто се отфрлија неговите апели?

…Апелирам на совеста на луѓето од здравствените власти и на сите кои одлучуваат каква стратегија во битката против коронавирусот се спроведува во Македонија. Ги молам многу сериозно да се размислат и за сопствената колективна, но и лична професионална и човечка одговорност за одлучувањето. Поправен испит нема да има. За никого!

Треба да знаете
Последни објави