Search

Героски до Дончев: Зошто некој што можел да заработи 200 милиони, би ја продал фирмата за 11,5 милиони евра?

Две години сте директор на Фондот за здравство, господине Ден Дончев. Ако сте биле сигурни во штетноста на концесискиот договор, сте биле должни веднаш да го раскинете, да се судите во Париз и да го добиете спорот. Но, на вас за наводната штетност на концесискиот договор ви текнало тогаш кога дошле Швеѓаните со торбата пари, решени да ја купат фирмата на Вера Иванова. Па не е ли тоа малку чудно? Малку многу…

Вака новинарот Бранко Героски во најновата колумна во Плусинфо одговари на прес конференцијата на Дончев, кој вчера изнесе свои ставови во врска со аферата „„Диаверум“ позната во јавноста како „Рекет 2“.

-Дали вие лично, господине Деки, до сега сте имале некаков ќар од концесионерите? Реферирам на изјавата на пратеникот Антонио Милошоски, кој јавно постави прашање дали имало изнуда на пари, некакви месечни транши, некаков пат до Струмица и некаков „благајник со брада“? Имате ли претстава, господине Деки, за што зборува Милошоски? Навистина само прашувам, оти јас навистина не знам што сака да ни каже пратеникот…

…Сосема на крајот, навистина ме интересира што за сиве овие нешта сте му кажувале на премиерот Зоран Заев. Моите информации се дека тој силно ја поддржувал шведската инвестиција во Македонија. Дали тој ги одобри вашите дејствија, вашите опомени до Швеѓаните, вашите недозволени писма? Дали ви рече дека вашето поведение е голем придонес за развојот на инвестициската клима во земјава? И дали ве пофали дека сте поербап и од Финансиското разузнавање и од сите други истражни органи во нашава Северна Македонија?, прашува Героски.

Треба да знаете
Последни објави