Search

Героски: Десетте најголеми заблуди за коронавирусот во Македонија

Новинарот Бранко Героски во својата најнова колумна за „Плусинфо“ прави анализа на досегашната криза со коронавирусот во земјава, наведувајќи ги во десет точки, според него,  заблуди за епидемијата.

-Почитувани читатели, како што забележувате, веќе извесно време ретко пишувам за коронакризата. Да бидам искрен, се изморив и се обесхрабрив. Така како што Македонија веќе во втор бран ја губи битката со пандемијата на теренот, така и заблудите за ова зло ги совладаа сите обиди на некои луѓе и македонската стручна и општа јавност да се вклучат во глобалниот брејнсторминг, во глобалната дебата за иновативните стратегии во борбата против ковид-19. За жал, еден значаен дел од тие опасни тези се конструкции на владината пропаганда. Во овој текст, ќе ги набројам и кусо ќе ги анализирам десетте најголеми заблуди за коронавирусот во Македонија.

1. Коронавирусот не постои. Дури и ако постои, тој не е поопасен од обичен грип.

Ова бездруго е најтрагичната заблуда за коронавирусот, која е широко распространета на социјалните мрежи и низ сите други канали на интерперсоналната комуникација. Погрешно се смета дека таа е последица на организирано ширење лажни вести, иако не ја исклучувам можноста да постојат и такви активности…

2. Народот е виновен, затоа што е недисциплиниран, необразован и прост.

…Но, последниов полициски час, од кој денеска (сабота, 6 јуни) сѐ уште не сме излезени, најдобро ни покажа како здравствените власти и техничката влада ги дизајнираат мерките за социјално дистанцирање и другите рестрикции…

3. Министерството за внатрешни работи е виновно за ширење на заразата.

Оваа заблуда ја шири пи-арот на СДСМ и ја насочува директно и единствено кон министерот Наќе Чулев. Предизборно, според очекувањата. При тоа, свесно се игнорира фактот дека командната одговорност за сите полициски единици е непосредна надлежност на директорот на Бирото за јавна безбедност, а не на министерот. Но, немам никаква намера да го бранам Чулев, бидејќи и тој сноси дел од одговорноста за постапувањето на полицијата, такво какво што е…

4. Вирулентноста значајно слабее.

Објаснувајќи ја природата на овој втор епидемиски бран, министерот Венко Филипче изјави дека „вирулентноста значајно слабее“. Не знам за вас, но јас не разбрав што точно мисли Филипче со оваа реченица и на што ја базира таа сензитивна изјава… Со ширењето на оваа заблуда, за жал, исто така се охрабрува безразложниот оптимизам на граѓаните.

5. Вториот бран многу кратко ќе трае.

Ме изненади и оваа изјава на министерот Филипче. Не знам врз основа на какви стручни и научни наоди тој ја темели оваа своја прогноза, особено во време кога втор бран имаме и во некои други земји, како во Србија и во Италија, на пример…

6. Новите случаи се резултат на зголемен број тестирања.

Ова тврдење не е неточно, но сепак е заблуда и манипулација…Оттаму, вистината е следната: омасовувањето на тестирањата во Малкедонија, всушност, ни покажа колкава била заблудата на здравствените власти дека со помалку и „таргетирани“ тестирања ќе се постигне целта…

7. Близу 90 отсто од случаите во овој втор бран се асимптоматски и се со многу лесни симптоми.

За жал, освен што е заблуда, голема е веројатноста ова тврдење да е ноторна лага. На тоа упатува и процентот „90 отсто“, за кој сѐ повеќе верувам дека министерот Филипче го употребува жовијално – кога сака да каже многу, тој веројатно вели „90 отсто“…

8. Ситуацијата е под контрола, околу 15 семејства вкупно носат 90 отсто од новите случаи, што значи дека болеста се шири тесно во рамките на овие кластери.

За жал, освен што е заблуда, голема е веројатноста ова тврдење да е ноторна лага. На тоа упатува и процентот „90 отсто“, за кој сѐ повеќе верувам дека министерот Филипче го употребува жовијално – кога сака да каже многу, тој веројатно вели „90 отсто“…

9. Не сме најлоши во регионот.

Е па, за жал, баш најлоши сме!..

10. Мора да научиме да живееме со коронавирусот, се прават сценарија тој да биде присутен до 2025 година.

Ова е најманипулативната теза што ја имам слушнато во последно време. Смислата на ова тврдење, кое не мора да е неточно (напротив, сериозните експертски центри и треба да прават долгорочни сценарија), е на народот да му се упати порака дека е сосема можно да се случи оваа трагична ситуација да не се промени во следните четири години и дека поради тоа, треба да се помириме со сознанието дека можеби ќе мораме да живееме со вакви бројки, во вакви околности и со вакви ограничувања уште долго време…

Целата анализа на  „Плусинфо“

Треба да знаете
Последни објави