Search

Германeц со македонско потекло меѓу уапсените исламисти во Германија, подготвувале терористичи напад и

Германските власти уапсија три лица под сомнение дека како приврзаници на Исламска држава подготвувале напади за убивање што е можно повеќе неверници.

Обвинителството во Франкфурт соопшти дека биле приведени при претрес на три стана во Офенбах, во акција во која учествувале 170 полицајци.

Главниот обвинител Надја Низен рече дека првоосомничениот, 24-годишен државјанин на Германија со македонско потекло, веќе го набавил материјалот потребен за производство на експлозиви и се обидувал да купи огнено оружје преку интернет.

Во неговиот стан полицијата запленила разни супстанции и уреди.

Другите двајца осомничени се турски државјани на возраст од 21 и 22 години, пренесува АП.

Според сведоците, сите тројца зборувале дека ја поддржуваат Исламска држава.

Треба да знаете
Последни објави