Search

Германците не веруваат во успех на нивните фудбалери на ЕП 2020

 Германските навивачи не му даваат големи шанси на националниот тим во фудбал на нивната земја дека може да го освои Европското првенство следната година.

Само една петтина од анкетираните веруваат дека германскиот „Елф” е доволно добар за да може да стане европски првак, а 54 проценти се сигурни дека Германија нема да стигне до финалето на „Вембли”.

Селекторот Јоаким Лев, пред жрепката рече дека не се плаши од никого и сеедно му е кои противници ќе им се паднат. Теоретски, можно е ривал на Германија во минхенската група да биде и македонската репрезентација. Тоа ќе се случи доколку „црвено-жолтите” и Романија одат на ЕП преку Лигата на нации.

Треба да знаете
Последни објави