Search

Германски хуманитарен брод влезе во италијанските води

Германскиот хуманитарен брод Си-Воч со 42 имигранти влезе денес во италијанските води и покрај наредбата од Рим да се оддалечи, соопшти медиумската служба на германскиот брод.

Во соопштението се наведува дека капетанот одлучил да оди на островот Лампедуза бидејќи ситуацијата на бродот е „полоша од кога било“, според „Ројтерс“.

Тој се одлучи на овој потег затоа што му е дозволено да влезе во водите според поморскиот закон за вонредни состојби.

Треба да знаете
Последни објави