Search

Германски основни училишта ќе воведат тоалети за „трет пол”

Три нови основни училишта во регионот околу Минхен во германската држава Баварија предлагаат воведување тоалети за „трет пол” за децата кои не се идентификуваат како момчиња или девојчиња, пренесува „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Предлогот за тоалети за „трет пол” во општината Пулах доаѓа откако идејата била предложена од еден надворешен советник на училиштето.

Додека портпаролката на Пулах тврди дека градот во моментот нема почнато ни да ги планира фазите за тоалети за „трет пол“, од градот Гаршинг велат дека тие веќе ги направиле плановите, а во третото училиште, во Таукирхен, веќе се консултираше со архитектонска компанија за идејата.

Ова ќе бидат први училишта во Баварија кои со тоалети за „трет пол“, вели портпаролот на баварското Министерство за образование, потврдувајќи дека немаат информации за други училишта кои ја прифатиле идејата.

Предлогот доаѓа само еден месец откако германскиот парламент одобри дозвола поединците да се запишат како „трет пол“ на своите пасоши и други документи за лична идентификација по одлуката на судот што ѝ овозможи на владата целосно да ја укине графата „пол“ во официјалните документи за идентификација

Треба да знаете
Последни објави