Search

Германски обвинител: Немаме докази дека малата Медлин е мртва

Ханс Кристијан Волтерс, германски обвинител кој претходно изјави дека Медлин Меккејн е најверојатно мртва и дека осомничениот Кристијан Брукнер најверојатно ја убил веднаш по киднапирањето, сега тврди дека тоа било негово лично мислење.

„Мирор“ пишува дека обвинителот сега изјавил дека сето ова е шпекулација и дека немаат судски докази дека Меди е убиена. Еден пријател на семејството Меккејн изјави дека на обвинителот не му е дозволено да излезе во јавноста со вакви информации ако не е сигурен.

Медлин исчезна во Португалија во 2007 година, каде што беше на годишен одмор со семејството. По долгогодишна потрага, полицијата неодамна објави дека се сомнева во Германецоt Кристијан Брукнер (43) за киднапирање и убиство на девојчето.

Тој живеел во Португалија помеѓу 1995 и 2007 година, по што честопати го менувал местото на живеење. Тој повремено се враќал во Германија и повремено престојувал во Португалија. „Сан“ пишува дека полицијата сега бара евентуални писма коишто тој им ги испраќал на своите љубовници и девојки, затоа што е можно во нив ја спомнал и Меди. Тој, наводно, им кажал на пријателите дека знае што се случило со девојчето.

Тој е исто така под истрага за исчезнување на уште неколку деца. Кристијан Брукнер во моментот е во затвор каде издржува казна за напад и силување на постара Американка

Треба да знаете
Последни објави