Search

Германските популисти предлагаат забрана за Хезболах

Популистичката Алтернатива за Германија (АфД) поднесе предлог-закон за забрана на радикалната исламистичка терористичка група Хезболах по маршот на Ал-Кудс кој се одржа за време на викендот, пренесува „Спутник“.

Соопштението беше објавено од пратеничката на АфД, Беатрикс фон Сторк, на прес-конференција во германскиот Бундестаг во вторникот.

„Хезболах е терористичка организација. Владата на Берлин тврди дека мора да направи разлика меѓу легитимното, политичко крило на Хезболах и терористичко крило. Ова нема смисла за нас, или за гласачите, ” изјави таа.

Според секретарот на фракцијата на АфД, Бернд Бауман, Хезболах го злоупотребува германскиот Закон за невладини организации, го финансира тероризмот со нелегални договори со дрога и оружје и се бори за уништувањето на Евреите и на Израел, а тоа можевме да го видиме на маршот на Ал-Кудс во Берлин и на национално ниво, каде што дури и пееја „гас за ционистите„ на улиците на Германија.

Според „Џерусалем пост” , Хезболах има околу 950 активисти кои собираат пари за нив во Германија, а центарот „Ал-Мустафа“ со седиште во Бремен, користејќи банка од Бремен, помага во трансферот на готовина на терористичката група во Либан.

Еврејските приврзаници на десничарската АфД формираат верска група во рамките на партијата.

„Целта на Хезболах е уништување на Израел и на Евреите и ние не треба да му нудиме засолниште во Германија за да ја финансираат својата вооружена борба против Израел и Либан од нашата територија”, рече Фон Сторк.

Во декември минатата година, пратеникот на АфД, Петр Бистрон, истакна дека антиизраелските активисти не само што работат во Германија, туку директно добиваат средства од Германија и од Европската Унија.

„АфД ќе продолжи да ги обелоденува финансирањата од Германија и ЕУ за антиизраелските невладини организации и да соработува со нашите сојузници во Израел за да го стори тоа”, рече Бистон и додаде: „Иако многу медиуми нè прикажуваат како расистички или дури и фашистички, ние силно го поддржуваме Израел и еврејската заедница во Германија – исто колку што Израел е демонизиран во многу медиуми на Запад “.

Треба да знаете
Последни објави