Search

Германските пилоти договорија поголеми плати со „Рајанер”

Германските пилоти за првпат успеаја да постигнат договор за своите плати со раководството на „Рајанер”, соопшти денеска синдикатот ВЦ, во услови кога ирската нискотарифна авиокомпанија е во „напнати” преговори со синдикатите ширум Европа.

Според постигнатиот договор, пилотите ќе бидат поплатени и ќе уживаат поголема заштита во случај на отказ, соопшти синдикатот и додаде дека двете страни ги договориле и идните разговори за потенцијалното формирање на работен совет.

„Колективните договори значат дека германскиот закон се применува за работните односи”, се наведува во соопштението на синдикатот, а пренесуваат британските медиуми.

Претходно на почетокот на месецов, пилотите на „Рајанер” од Велика Британија најавија дека, почнувајќи од 18 септември, ќе стапат во седумдневен штрајк, а прекин на работата најавија и пилотите во Шпанија.

Треба да знаете
Последни објави