Search

Германските медиуми го откриваат планот на Халанд

Ерлинг Халанд и неговата иднина во Борусија Дортмунд би требало да биде појасна веќе оваа зима. Норвешката гол-машина Халанд во моментов е повреден и е не настапува за „милионерите“. Прашање е дали ќе заигра до крајот на годината. Во Борусија Дортмунд со нетрпение го очекуваат неговото враќање на теренот, но повеќе не се сигурни дали ќе го имаат Норвежанецот во своите редови следната сезона.

Според пишувањата на „Билд“, Халанд сака да се пресели во Шпанија, конкретно во Реал Мадрид, иако за него интерес има и од клубови од Премиер лигата, која пак е на второто место на неговата листа на желби.

Досега медиумите пренесуваа дека договорот на Халанд со Борусија Дортмунд вклучува откупна клаузула од 75 милиони евра, но се чини дека за него ќе мора да се плати многу повеќе. Борусија се надева дека тој ќе остане во клубот и му нуди 16 милиони евра на годишно ниво.

Мадридски „АС“, пак, од друга страна направи пресметка и дојде до податокот дека за Халанд ќе биде потребно да се издвојат 400 милиони евра во следните пет години, вклучително неговото обештетување и провизијата за неговиот агент Мино Раиола.

Оваа сезона Халанд на 10 натпревари во сите натпреварувања за Борусија Дортмунд постигна 13 гола.

Треба да знаете
Последни објави