Search

Германските власти се закануваат со одземање на децата поради кршење на карантинот

Властите во некои германски провинции им се закануваат на родителите дека ќе им ги одземат децата поради кршење на карантинот, тврди весникот „Аугсбугер алгемајне“.

Весникот ги пренесува писмата што ги добиле одредени семејства во кои било наредено дека децата кои биле ставени во карантин не смеат да ја напуштат куќата или станот.

Покрај тоа, родителите треба да им мерат температура двапати на ден во текот на целиот карантин.

Во случај семејството да не ги почитува овие мерки, можно е да се одземат децата и да се сместат во надлежни институции.

Треба да знаете
Последни објави