Search

Германскиот филм „Разврска”, целосно снимен со три GoPro камери премиерно во „Милениум”

Во кино „Милениум” вечер примиерно во нашата земја ќе биде прикажан германскиот филм „Разврска” на режисерот Рик Остерман. Во филмот улогите ги толкуваат актерите Луис Хофман и Оливер Масучиод.

Станува збор за адреналинска трилер-драма снимена во диви планински предели. Филмот е целосно снимен со три GoPro камери прикачени на двајцата главни актери, и практично се „вткаени” во драматургијата на филмот. Филмот во режија на Рик Остерман (инаку искусен телевизиски автор), беше дел од натпреварувачката програма на дебитантски филмови на Интернационалниот филмски фестивал „Црни ноќи” во Талин.

– Татко и син, отуѓени еден од друг, тргнуваат на едно диво патување. Патувањето се претвора во авантура во која и двајцата мажи треба да се справат со минатото и сегашноста на другиот. Главните ликови во филмот треба да се справат со прашањето – како да се победи отуѓеноста? Филмот трае 98 минути, информираат од КТ Филм.

На 25-ти и 25-ти месецов „Разврска” ќе биде прикажан и во Кинотеката на Северна Македонија. Дистрибутер за Македонија е КТ Филм и Медиа од Битола.

Треба да знаете
Последни објави