Search

Германскиот претседател е во карантин, чека резултати од тест за Ковид-19

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер е во карантин, откако еден припадник на неговото обезбедување бил позитивен на коронавирусот, потврди портпаролката на Штајнмаер и рече дека се чекаат резултатите од тестот на претседателот.

Германскиот претседател требаше да се појави на доделувањето на наградите на Саемот на книгата во Франкфурт, но неговата посета на овој настан беше откажана.

Во Германија во претходните 24 часа се регистрирани рекордни 7.830 новозаразени и 33 починати лица, објави Институтот „Роберт Кох”.

Од почетокот на пандемијата, во Германија има вкупно 348.557 случаи на Ковид-19, од кои досега починале 9.767 лица.

Треба да знаете
Последни објави