Search

Германскиот Парламент го прогласи Холодоморот во Украина за геноцид

Германскиот парламент усвои резолуција со која Холодоморот, или изгладнувањето на милиони Украинци под советскиот режим, се прогласува за геноцид.

Необврзувачката, но симболично значајна резолуција беше усвоена со големо мнозинство во Бундестагот, бидејќи за неа гласаа пратениците од либерално-левичарската коалиција на канцеларот Олаф Шолц и опозициските демохристијани.

Социјалистичката партија на левицата и десничарската популистичка Алтернатива за Германија беа воздржани.

Резолуцијата го обвинува Советскиот Сојуз под водство на Јосиф Сталин за „целни масовни убиства” во Украина во 1932 и 1933 година.

Треба да знаете
Последни објави