Search

Германскиот автомобилски гигант Дајмлер планира да укине 15.000 работни места

 Германскиот автомобилски гигант Дајмлер се подготвува да укине 15.000 работни места, многу повеќе од првично планираното, за да ги намали трошоците и да ја надмине кризата во автомобилската индустрија, пишува германскиот весник Ханделсблат.

„Компанијата ќе се обиде да го намали бројот на вработените нудејќи им отпремнина, предвремени или делумни пензии. Тие имаат за цел да ги намалат трошоците за повеќе од 1,4 милијарди евра, со оглед на тешката состојба во германскиот автомобилски сектор”, додава весникот.

Производителот на луксузни автомобили, во чија сопственост е Мерцедес-Бенц, првично планираше да укине 10.000 работни места.

Од компанијата засега нема коментар на пишувата на весникот.

Треба да знаете
Последни објави