Search

Германската фудбалска репрезентација со нов дизајн на дресовите

Германската фудбалска репрезентација на својот официјален Твитер објави фотографии од новата спортска опрема. Главната боја на новите дресови е бела со тенки црни хоризонтални ленти.Производител на опремата на „панцирите” е компанијата за спортска опрема „Адидас”. Германската репрезентација води во групата Ц во квалификациите за Евро 2020, со 15 бода од шест одиграни натпревари.
Следни противници на Германија ќе бидат селекциите на Белорусија (16 ноември) и на Северна Ирска (19 ноември).

Треба да знаете
Последни објави