Search

Германската разузнавачка служба ќе ја зајакне контролата врз екстремната десница

Германската разузнавачка служба ќе ја зајакне контролата врз екстремно десничарската политичка партија Алтернатива за Германија (АФД), јавува Би-би-си.

Притоа нема да ги прислушува телефонските разговори на партијата или да праќа шпиони во АФД.

АФД е главната опозициска партија. Таа влезе во парламентот во 2017 година, освојувајќи 94 места во Бундестагот од вкупно 709. Бундестагот е парламент во Германија со седиште во зградата на Рајхстагот во Берлин.

АФД го гледа исламот како закана за германските вредности и повикува на строги ограничувања при издавање дозвола за вселување во Германија.

Се верува дека партијата добро ќе помине на изборите за Европскиот парламент во мај, што се очекува и за другите националистички партии во останатите земји од ЕУ.

Германската разузнавачка агенција ќе започне со повисок степен на контрола врз организацијата на младите на АФД и врз екстремистичкиот огранок на АФД наречен Флугел (Крило).

Лидерот на Флугел е Бјорн Хоке, контроверзен политичар кој предизвика остри критики кога споменикот на холокаустот во Берлин го нарече споменик на срамот.

Треба да знаете
Последни објави