Search

Германската влада постигна компромис за зголемување на минималните пензии

Германската влада постигна компромис за зголемување на пензиите за пензионерите со ниски приходи.Постигнат е договор со кој се гарантира основна пензија за работниците со ниски плати по повеќемесечните тензии околу ова прашање, што можеше да доведе до криза на владата, пренесуваат медиумите.

Истакнати членови на владејачката коалиција, вклучувајќи ја и канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Олаф Шолц, постигнаа договор за време на преговорите коишто траеја повеќе од шест часа. Основната пензија претставува додаток на пензијата, со што ќе се обезбеди оние што добиваат најнизок приход да можат да ги покријат своите основни месечни трошоци за живот.

Планот на германската влада ќе ги опфати и вработените со најниски приходи кои се грижат за деца или роднини, без да прецизираат детали. Услов за добивање на оваа парична надокнада ќе биде лицето да плаќа придонеси за социјално осигурување најмалку 35 години.

Планот ќе ги опфати оние чии приходи се помали од 1,25 илјади евра или парови кои не земаат повеќе од 1,95 илјади евра месечно. Ппанот на германската влада треба да стапи во сила во 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави