Search

Германската влада негира дека Меркел ѝ нудела помош на Меј

Германската влада денес го негираше натписот во британскиот таблоид „Сан“, според кој германската канцеларка, Ангела Меркел, понудила помош на британската премиерка Тереза Меј да постигне подобар договор за брегзит.

Според нејзината канцеларија, „Сан“ погрешно ја пренел содржината на неодамнешниот телефонски разговор меѓу Меркел и Меј, пренесува агенцијата АП.

Во соопштението се наведува дека канцеларката не дала никакви уверувања кои го надминуваат она што било дискутирано во Европскиот совет во декември и што е наведено во писмото на Жан-Клод Јункер и Доналд Туск.

Треба да знаете
Последни објави