Search

Германската армија планира да ангажира граѓани на ЕУ како лекари и ИТ експерти

Началникот на Генералштабот на германската армија, генерал Еберхард Цорн објави дека властите размислуваат да и дозволат на армијата да ангажира граѓани од други земји на ЕУ за некои позиции во армијата, меѓу кои и лекари и ИТ експерти.

Чешка, Шведска, Белгија и Данска не се против оваа идеја, но Франција ќе остане резервирана.

Бугарија, Романија, Словенија и Грција се загрижени дека нивните војници може да ги привлече повисоката плата во Германија.

– Се разбира, ние мораме да внимаваме да не сме конкуренција со нашите европски колеги, рече генерал Цорн.

Во 2011 година во Германија беше укината задолжителната воена служба и сега Бундесверот треба да се натпреварува за регрути во услови на здрава економија и ниска невработеност.

Бундесверот е заинтересиран пред се за европски граѓани кои веќе живеат во Германија. Кандидатите треба да зборуваат германски, да достават документ од полицијата дека не се осудувани и да искажат лојалност кон германската држава, пишува „Функе”. Соочена со стареење на населението и растечки недостиг на работна сила, Германија, освен тоа, ќе усвои закон за миграција, за да се олесни ангажирањето и на работници вон Унијата.

Треба да знаете
Последни објави