Search

Германија стави забрана за медиуми кои шират ПКК пропаганда

Германија стави забрана на два медиуми под контрола на терористичката организација ПКК, соопшти министерството за внатрешни работи.

Издавачката куќа „Месопотамија“ и мултимедијалната компанија МИР добија забрана за емитување, по што се распуштија, поради тоа што функционираа како медиуми за пропаганда на ПКК, се вели во соопштението на германското МВР.

Германија стави забрана на ширењето пропаганда од страна на ПКК во 1993 година, но групата е се уште активна со околу 14.500 членови.

Позната под официјалното име, „Mezopotamien Verlag“, издавачката куќа со седиште во Германија, е главен извор за пропаганда на терористичката организација.

Издаваштвото има објавено книги од лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, како и друг вид на пропагандни материјали.

МИР е мултимедијална компанија која шири пропаганда за ПКК со организирање културни настани и музички концерти.

Треба да знаете
Последни објави