Search

Германија разочарана од планот за Брегзит на Меј, предлагаат втор референдум

Германскиот министер за правда, Катарина Барли изрази разочараност од планот на британската премиерка Тереза Меј за ќорсокакот за прашањето за Брегзит.

-Велика Британија треба да организира втор референдум, изјави Барли.

Меј вчера изјави дека ќе се обиде да најде излез од ситуацијата во парламентот со барање за нови отстапки од ЕУ за ирската граница.

– Разочарана сум. Тоа не е начинот, изјави Барли за радиото Дојландфунк. Барли која има германско и британско државјанство изјави дека нацрт договорот со ЕУ нема да биде променет.

Таа додаде дека може да биде направена отстапка ако има втор референдум.

– Тоа може да ја смири ситуацијата, смета Барли.

Треба да знаете
Последни објави